Македонските граѓани кои беа во Израел вечерва со владиниот авион безбедно полетаа кон Скопје, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Министерот Тимчо Муцунски истакна дека процесот на евакуација беше внимателно координиран, со максимален ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва и строго почитување на безбедносните процедури.
Во меѓувреме, министерството заврши подготовки со компанија која во следните денови ќе започне дополнителни летови за евакуација на македонски државјани од други погодени региони.
ДКП-та продолжуваат да бидат на располагање 24/7 за секоја потребна поддршка и помош на граѓаните кои се наоѓаат во странство.


