Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја сподели прекрасната вест дека станал татко по трет пат.
„Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, објави Тошковски.
