Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски испрати порака до граѓаните по конфликтот на Блискиот Исток.
Мицкоски посочи дека безбедноста во Македонија е стабилна и нема закана од воените пресметки меѓу Иран, САД и Израел.
„Безбедносната состојба во државата е стабилна и мирна. До овој момент не постои никаков ризик по безбедноста во земјата. Имавме состанок на Советот за безбедност, направивме анализа и можам да ги информирам граѓаните да не се грижат“, кажа премиерот.
