Фото: Принтскрин
Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески го коментираше барањето на синдикатите за 600 евра минималец.
Иако голем број работници, кои се на минимална плата бараат зголемување на платата, сепак Ристески смета дека 600 евра не е реално барање.
„Видете, 600 евра не е реално барање за минимална плата. Од каде го извадија тоа 600 евра, само еден од синдикатите. Секој кој реално размислува, мислам дека не му е верно за 600 евра. Барањата на синдикатите во многу случаи се во право затоа што се борат за повисоки плати, но треба да внимаваме и на државата за да не предизвикаме тектонски промени“, вели Ристески.
Според најавите, платата оваа година треба да се зголеми за 1.667 денари.
