Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да загуби уште еден сојузник, но шокот на пазарот на нафтата ќе ѝ донесе бенефит на државата, објави „Политико“.
Американско-израелската војна против Иран ги крена цените на нафтата, а истата за барел би можела да надмине 100 долари, додека во моментов се продава за околу 73 долари.
Руските власти, сепак, го осудија нападот врз Иран и повикаа на прекин на огнот, но некои аналитичари сметаат дека економско ова ќе ѝ помогне на Русија.
