Фото: Принтскрин
По нападите во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп утрово се појави пред новинарите за да даде изјава, но еден детал го привлече вниманието.
Присутните забележаа белег на вратот на американскиот претседател, по што фотографијата се прошири по медиумите, меѓу кои и „Форбс“.
Како одговор на прашањата на новинарите што се случило со првиот човек на САД, Белата Куќа даде објаснување.
„Претседателот користеше крема на десната страна на вратот, што е превентивен третман за кожата кој го пропиша докторот. Претседателот го користи овој третман веќе една недела“, се вели во објаснувањето.
