Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека нападите врз Иран би можеле да траат дури четири недели.
Тој во интервју за „Дејли Мејл“ објави дека планот бил процес од четири недели.
„Претпоставуваме дека ќе трае околу четири недели. Тоа е голема земја“, кажа Трамп. Првиот човек на САД даде коментар и за загинатите американски војници во борбите.
„Знаете, очекуваме да се случат такви работи, за жал. Мислам дека оди како што планиравме. Освен што го отстранивме цело нивно раководство, тие изгубија многу повеќе од што мислевме. Дури 48 важни луѓе“, објасни Трамп.
Претседателот на САД кажа и дека постои желба за разговори за мир со новото раководство на Иран.
