Фото: Принтскрин
Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски денеска имал телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
„Изразив цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите.
Остро ги осудив нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, објави Муцунски.
