Фото: Принтскрин
Министерството за надворешни работи на Русија реагираше по американско-израелскиот напад врз Иран.
Земјите се во отворен конфликт и Иран веќе реши да се одмазди, при што гаѓаше американски бази во повеќе земји на Блискиот Исток.
Претставникот на Русија во Обединетите нации (ОН), Василиј Небензја кажа дека Русија бара од САД и Израел да ја прекинат агресивната акција врз Иран.
Небензја на итната седница на Советот за безбедност на ОН за Иран, која беше свикана на барање на Русија и Кина, кажа дека САД и Израел извршиле напад кој претставува „вистинско предавство на дипломатијата“, зашто е изведен во време кога Техеран покажал подготвеност за преговори со Вашингтон, пренесува „Спутник“.
