Фото: Принтскрин
По долгогодишна борба со болест, на 71-годишна возраст денеска почина еден од најпочитуваните македонски хирурзи, професорот и доктор Владо Јаневски.
Јаневски беше препознаен како врвен медицински експерт и универзитетски професор кој остави длабока трага во македонската хирургија и во образованието на идните генерации лекари.
Во текот на својата богата професионална кариера, тој несебично го споделуваше своето знаење и искуство, обучувајќи бројни млади доктори и хирурзи кои денес успешно работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но и во повеќе приватни здравствени установи низ земјата.
