Фото: Принтскрин
Пратеникот Ријад Шаќири се појави во македонското Собрание со значка со албанското знаме на оделото, со што предизвика голем број реакции.
По критиките од премиерот Христијан Мицкоски, на оваа тема реагираше и Умејр Мухамеди преку социјалните мрежи.
„Пратеникот Ријад Шаќири кој се појавува со албанско знаме во Собранието на РМ доблесно би било да се откаже од платата која ја зема во денари а која е повисока од 90% од останатите граѓани на Македонија.
Срамота е да изиграва “голем Албанец” во ситуација кога просечниот Албанец во Македонија зема 5 пати пониска плата од неговата“, објаво Мухамеди.
