Фото: Андон Сарамандов
Ланецот маркети „Лидл“ почна со изградба на уште еден објект во Македонија, а истиот се наоѓа во Гевгелија.
„Гевгелија е меѓу првите градови во Македонија во кои почнува изградба на маркет на Lidl. Инвестиција која дополнително ќе ја зголеми атрактивноста на општината со директен ефект врз локалниот економски развој и прехрамбениот сектор.
Во изминатите четири ипол години како локална самоуправа презедовме конкретни мерки за создавање поволна бизнис клима и привлекување нови инвестиции. Резултатите се видливи – за краток период во Гевгелија се реализираат три големи инвестиции“, објави градоначалникот Андон Сарамандов.
