Во трагичен, но мирен момент, денес почина Трајче Зафирчев, татко на познатиот актер Васил Глумецот, по кратко и тешко боледување. Веста за неговото заминување беше споделена од самиот Васил на својот Фејсбук профил, каде со длабока емотивност се прости од својот татко.
„Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени поради честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето. Сето останато е вечна сегашност исполнета со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене. До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома, татко мој!“ – напиша Васил.
Сеќавањата на Трајче Зафирчев ќе останат вечно во срцата на неговото семејство, пријатели и сите кои го познаваа.

