Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ (60), е хоспитализиран поради тешка пневмонија.
Според најновите информации од Одделот за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Дачиќ се наоѓа на респиратор и е под постојан медицински надзор.
„Неговата состојба и понатаму се смета за сериозна и тешка. Лекарскиот тим кој го следи вложува максимален труд за да дојде до подобрување, но во овој момент нема промени и се уште е прерано да се зборува за понатамошни прогнози“, изјави доктор Спасије Попевиќ.
