Претседателот на Социјалистичка партија на Србија и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, е итно примен во болница поради сериозно нарушена здравствена состојба.
Според достапните информации, неговата состојба значително се влошила во изминатите денови, по што било одлучено да биде задржан на болничко лекување и ставен под постојан медицински надзор.
Дачиќ подолг период се соочува со здравствени проблеми, меѓу кои и шеќерна болест, како и други придружни компликации. Лекарските тимови внимателно ја следат неговата состојба и преземаат соодветна терапија.
Засега нема дополнителни официјални информации за текот на лекувањето.
