Фото: Принтскрин
Канадскиот олимписки натпреварувач со македонски корени, Лука Стоикос, го привлече вниманието на јавноста за време на настапот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Италија. Освен спортскиот предизвик, тој испрати и силна симболична порака поврзана со своето потекло.
Стоикос се појави со маичка на која беше прикажан ликот на Свети Климент Охридски, еден од најзначајните духовници и просветители во македонската историја.
Во претходно интервју, Стоикос отворено зборуваше за своите корени, нагласувајќи дека иако е роден во Канада, македонската традиција и култура имаат посебно место во неговиот живот.
„Роден сум во Канада, но моето македонско потекло е нешто на кое сум исклучително горд. Со вакви гестови чувствувам дека ја претставувам и македонската заедница ширум светот“, изјави тој.



