Фото: Принтскрин
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кажа дека е поднесен пакет од шест законски измени со кои се таргетира поправична распределба на средствата, односно платите на функционерите ќе се намалат до 13.000 денари.
Измените на коефициентите ќе ги опфатат извршната и законодавната власт, правосудството и локалната самоуправа.
Средствата треба да бидат наменети за други сектори, како што се здравство, образование и социјална заштита.
