Фото: Принтскрин
Поранешниот бугарски претседател Румен Радев даде интервју за „Берлингер цајтунг“ во кој посочи дека што поскоро сака да ја види Македонија во Европската унија (ЕУ).
Сепак, за да се оствари такво нешто, Македонија најпрво ќе мора да ги спроведе уставните измени и да ги вклучи Бугарите во Уставот.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на гостувањето во „Канал 5“ неодамна спомена дека е возможно сценарио Македонија да седне на маса на ЕУ, но без право на глас.
