Фото: Принтскрин
Пратеникот во македонското Собрание, Јован Јаулески објави статус на социјалните мрежи по аспењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби.
„Ако Артан Груби навистина дојде да бара прошка, му нема. Прошката очигледно не е на дневен ред, ама времето и тоа ќе го има на претек. Доволно за да научи фудбал во Шутка, да ја усоврши техниката на мали голови и тактиката „снајди се“.
По некоја година, кога ќе си го одлежи сето тоа што му следува, ништо чудно и селектор да стане – искуство со состави има, со комбинации уште повеќе. Кој сака, нека честита“, објави Јаулески.
