Фото: Принтскрин
Вчера се случи трагедија во индустриската зона во општина Петровец, кога 24-годишниот Ердоган Асанов од Велес го загубил животот.
МВР информира дека несреќата се случила во 15 часот, кога младиот работник извршувал работни задачи на објект во изградба, а врз него од висина паднал тежок метален профил.
Доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт на лице место, а телото е предадено на обдукција.
