Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба.
„Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. Висината на помошта се утврдува според индивидуалните потреби, а износите се движат од 3.000 до 25.000 денари“, објави Општина Центар.
