Фото: Принтскрин
Од вчера во 16 часот, полицијата, пожарникарите и жителите на селото Црцавац во Србија се во пторага по двајца мажи, на возраст од 38 и 47 години, на кои им се загубила трага во близина на езерото Барје.
Двајцата мажи престојувале во викендичката во селото, а семејството се посомневало дека нешто не е во ред, откако тие не се јавувале на мобилните телефони.
Најпрво се појави теорија дека е забележан превртен чамец во езерото и дека тие се удавиле, но полицијата објавија дека не е таков случајот. „Имаме пријава за исчезнати лица, но немаме пријава дека се удавиле. Во моментов ги пребаруваме теренот“, откриваат од полицијата.
Пожарникарите го пребаруваат теренот околу езерото, но и шумските патеки кои ги има околу селото. Фактот дека мажите последен пат се забележани во викендичката дава надеж дека тие можеби се изгубиле во шумата или магла, но засега нема дополнителни информации.
