Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски на своето гостување во „Канал 5“ кажа дека постои можност Македонија да влезе во Европската унија (ЕУ) на почетокот на 2027 година, но без право на глас.
„Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане членка на ЕУ и тоа да се случи на 2027 година. Да седне на маса, да се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Како ќе ги затвора поглавјата, земјата постепено ќе се интегрира додека не го адаптира својот систем на тоа што го бара ЕУ“, објаснува Мицкоски.
Премиерот спомена дека треба да бидат исполнети неколку услови, меѓу кои се заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ, владеење на правото и најверојатно уставни измени.
