Фото: МВР
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека минатата ноќ бил нападнат 27-годишен маж во Скопје.
„На 19.02.2026 во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Ш.(20), А.Г.(19) и Х.С.(20), сите од Судан, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишник од Скопје дека во периодот од 01:30 до 02.30 часот на подрачјето на Кисела Вода му барале пари и физички го нападнале“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
