Фото: Screenshot
Продолжува активната акција на Беласица против нелегалната сеча и транспорт на дрва. Овојпат, заедно со МВР и Граничната полиција од станица Ново Село, беше одземено уште едно патничко моторно возило кое се користело за превоз на бесправно посечени огревни дрва.
Дрвата биле нежигосани и немале соодветна документација, а сечата се извршила на локација која не е предвидена за тоа. Претходно, во рамки на истата акција, беа одземени и товарно моторно возило (ТМВ) и патничко моторно возило (ПМВ).
Од Беласица најавуваат дека ќе продолжат со посветено извршување на своите задачи за заштита на природата и доброто на граѓаните.
