Фото: X
Млада мајка од централна Калифорнија е обвинета за убиство од небрежност откако едногодишниот син почина во заклучено возило на високи температури, додека нејзиниот двегодишен син преживеа.
Двадесетгодишната Маја Ернандез од Висалија ги оставила децата на паркинг во Бејкерсфилд додека ја посетувала локалната клиника за зголемување на усните. Трагедијата се случила кон крајот на минатото лето, кога надворешните температури надминувале 38°C. Едногодишниот Амилио Гутиерез починал од топлотен удар.
Ернандез тврдеше дека децата се безбедни бидејќи во нејзината хибридна Toyota Corolla оставила моторот и клима-уредот вклучени. Меѓутоа, истражителите утврдиле дека системот за автоматско исклучување на моторот по одредено време се активирал, по што температурата во автомобилот брзо достигнала околу 60°C.
Кога мајката се вратила по околу два и пол часа, го затекнала едногодишниот син во тешка состојба, со пена на устата и кожа со сина боја. И покрај брзата хоспитализација, детето не можело да биде спасено. Второто дете, на возраст од две години, преживеало и успешно закрепнало.
Судијата донел одлука по нагодба, откако првата порота не успеала да постигне единствено мислење за убиство од втор степен. Ернандез признала вина за убиство од небрежност и намерно занемарување на дете со фатален исход. Пресудата е закажана за 5 март, а очекуваната казна е 15 години затвор.

