Фото: Принтскрин
27-годишно лице било нападнато во скопската општина Кисела Вода од страна на три лица, за кои според информациите станува збор за државјани на Судан, информира МВР. Инцидентот се случил во вечерните часови додека младиот човек се движел по трим-патеката во населбата.
Според објави на социјалните мрежи, во последниот период граѓани алармираат за зголемено присуство на поголеми групи мигранти во овој дел од градот, при што изразуваат загриженост за безбедноста.
„Ова се случи на трим патеката во Кисела Вода, голема група од 10 до 15 мигранти со потекло од Африка, јас бев нападнатиот, дали некој ќе преземе мерки понатаму или од утре треба сите да шетаме со страв?“, прашува нападнатото лице.
„Еве ги, дојде злото на голема врата! трим патека кисела вода, во општина 11 октомври пријваено преку 30 кражби во последни месец дена, нека се чуваат луѓето што спортуваат, брат ми е нападнат вчера, замислете да била мајка ми сестра ми, или вашето дете недај боже, мобилизација да се протера ова племе , ова е дното што се праќа од англија и европа, криминалци носат ножеви и сеат опасност, да не дозволиме да ни се запусти нашата држава како германија и франција и останатата е*ена европа, немаме полиција и немаме ресурси овие да ги скротиме и издржиме и да ги школуваме, не ни требаат!!!!“, пишува неговиот брат.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по пријавата за нападот, биле преземени соодветни активности и идентификувани се тројцата осомничени. Против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



