Фото: Принтскрин
Министерот Панче Тошковски вечерва гостуваше во „Клик Плус“ на „ТВ21“ и зборуваше за системот „Сејф Сити“ при што разјасни одредени работи на возачите.
Една од дилемите на возачите е заглавување во крстосница, откако поминале на зелено светло, односно дали би биле казнети како да поминуваат на црвено светло.
„Тој прекршок има друг третман. Нема да се третира како поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во крстосница, мислам дека казната е 45 евра. Имаше такви ситуации и во тест периодот. Возачот мора да направи проценка дека ќе заглави во крстосница и треба да застане на зелено светло“, објаснува Тошковски.
Видео: ТВ21
