Со длабока тага семејството ја потврди смртта на 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, кој претходно беше пријавен за исчезнат.
Откако јавноста деновиве споделуваше апели за негова пронаоѓање, денес пристигна најтешката вест. Мајката на Виктор објави посмртна објава со која официјално информира дека тој ненадејно починал на 16 февруари 2026 година во 16 часот.
Погребот ќе се изврши на 17 февруари 2026 година во 13:00 часот на Новите градски гробишта во Прилеп. Телото ќе биде изложено во капелата од 12:00 до 13:00 часот.
Зад себе Виктор остави мајка, татко, брат, ќерка, како и бројни роднини и пријатели кои денес се простуваат од него.
Семејството прима сочувства во овие тешки моменти.

