Фото: Принтскрин
Од понеделник, 17 февруари 2026 година, од 00:01 часот, се најавува зголемување на малопродажните цени на дел од нафтените деривати во земјава.
Според најавата од надлежните органи, цената на моторните бензини ќе се зголеми за 1 денар по литар, додека малопродажните цени на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство ќе останат непроменети.
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 73,00 ден/литар (зголемување за 1,00 ден/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 75,00 ден/литар (зголемување за 1,00 ден/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 ден/литар (цената останува иста)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 ден/литар (цената останува иста)
