Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајка се случи кај Смилчинци, во општина Старо Нагоричане, при што три лица беа повредени, а едно го загуби животот.
Стефан удрил во куче скитник, по што загубил контрола и преминал во спротивна сообраќајна лента, каде што удрил во друго возило, објави МВР.
Роднини и пријатели се збогуваат со загинатото момче.
„Се известуваат сите роднини и пријатели дека не напушти нашиот брат и другар Стефан Трајковски, болката е голема и останува“, пишува во објавата.

