Фото: Принтскрин
Глутница кучиња нападнала човек во Карпош среде бел ден, објавија од „Независни за Карпош“. Тие споделија видео на кое може да се забележи како маж се обидува да се одбрани.
„Независни за Карпош бараат ИТНО да се преземат конкретни чекори во решавање на проблемот со бездомните кучиња и глутниците кои се формираат во Карпош, а кој ескалира од ден за ден“, соопштија на социјалните мрежи.
