Фото: Принтскрин
Србија ја потресе вест дека познатата српска тенисерка и поранешна селекторка на ФЕД Куп репрезентацијата, Татјана Јечменица загина во сообраќајка.
Трагедијата се случи в петок во 20.50 часот, а новинарот Младен Мијатовиќ објави фотографија од уништениот автомобил во кој била тенисерката.
Според првичните детали, Татјана управувала со возилото, наводно промашила исклучување, па се обидела да се врати во рикверц, кога налетал камионот на нив.
