Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на Инстаграм по повод формирањето на тројниот воен сојуз Тирана, Приштина и Загреб, со порака дека Србија нема да набљудува немо на потези кои, како што истакна, се насочени против неа.
„Гледам дека тука се сретнаа и Пленковиќ и Курти. Ги гледам и тројцата министри за одбрана. Баш ‘убаво’. Сакаат дополнително да ни покажат што прават, бидејќи се многу моќни и силни. Им честитам на таа сила. Ако им беше цел да нè загрижат – успеаја, нè загрижија. И во согласност со тоа, ќе преземаме чекори“, вели Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија нема да формира воени сојузи против никого, но дека ќе знае како да ги заштити своите интереси.
„Нема да формираме воени блокови против нив, но ќе бидеме доволно силни за да ги одвратиме. Имаме проблем со напади врз нашата земја, но тоа нема да им помине“, рече претседателот на Србија.
