Фото: Принтскрин
Успешно заврши кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева, односно за само шест часа беа собрани 3,1 милион денари.
Доктор Ненад Лазаров ја соопшти информацијата преку неговиот профил на Фејсбук.
„Кампањата за 8 годишната Ана е официјално затворена. 3.1 милиони денари за 6 часа! Ваква реакција е гордост и треба сите да сме, тука сме и понатака сите за Ана и нејзините родители, барем од финасиското бреме ги растеретивме. Секоја среќа ти ја посакуваме Ана душо, цела држава стана за тебе зошто заслужуваш се“, објави тој.
