Фото: Принтскрин/Илустрација
Полицијата во Вождовац привеле државјанин на Македонија поради сомнеж дека од одмазда запалил угостителски објект во кој работел, а потоа со бизарни снимки ги вознемирувал поранешните работодавци.
На 10 февруари, С.Г. предизвикал инцидент кој за среќа завршил само со материјална штета и без човечки жртви.
Полицијата по брза оперативна акција го уапсила С.Г. кој е осомничен за предизвикување на општа опасност и загрозување на безбедноста.
Според неофицијални информации, мотивот за радикалниот потег бил отказот кој го добил во пицеријата.
Наместо да избега од местото, тој со мобилен телефон го снимал пожарот, а потоа снимките им ги испраќал на сопствениците на објектот.
Детали прочитајте ТУКА.
