Фото: Принтскрин
Почна исплатата на средства од „МојДДВ“ за скенираните фискални сметки за последното тромесечје од 2025 година, а дел од граѓаните на социјалните мрежи објавија дека во текот на вчерашниот и денешниот ден веќе ги добиле парите за поврат на ДДВ.
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека за четвртиот квартал од минатата година ќе исплати дури 924,5 милиони денари.
„МојДДВ“ е една од најпопуларните апликации со дури 526.123 корисници кои скенираат сметки во Македонија.
