Фото: Принтскрин
Во трагичен инцидент на брегот на Дрига беа згаснати два млади животи на Марко Глишиќ и Драган Павловиќ.
Тоа што требаше да биде подготовка за претстојното лето и уживање на река, се претвори во трагедија која го потресе регионот.
Марко и Драган во претходните денови вредно работеле на адаптација на викендицата, а во желба што побрзо да ги завршат работите, тие решиле да преноќат на таа локација.
За жал, одлуката да го остават вклучен агрегатот се покажа како фатална. Тивкиот убиец, јаглен-монокцид, не им остави шанса да го дочекаат утрото.
