Фото: Принтскрин
Денеска пред мостот „Гоце Делчев“ во близина на македонската Влада се случи физичка пресметка меѓу две лица, како што може да се забележи на видеото објавено од Бојан Јовановски Боки 13.
Како што може да се заклучи од снимката, во инцидентот учествувале еден возач на автомобил и еден на тротинет, при што друго лице се обидува да ги смири, но залудно.
По кратката вербална расправија, двете лица почнуваат физички да се пресметуваат со тупаници, покрај случајните минувачи.
