Фото: Принтскрин
Доктор Ненад Лазаров испрати апел до возачите кои свират од автомобилите кај Клинички центар.
„Ве молам да се контролирате со свирење од кола на Водњанска и на паркингот на клинички. Џабе е, нема да ја расчистите гужвата ни на улица ниту на паркингот со манијакално свирење туку само вознемирувате трудници и тазе породени жени а особено новородените бебиња не треба да бидат вака вознемирувани“, објави д-р Лазаров.
