Фото: Принтскрин
Скопје по долги години треба да добие нов Луна парк, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави видео дека почнало расчистувањето на теренот.
Ѓорѓиевски соопшти дека се рушат старите дискотеки на просторот каде што ќе се гради Луна паркот.
„Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот, старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата“, објави тој.
