Полициски службеници во Скопје денеска го лишија од слобода 39-годишниот М.Т. од Кочани, кој подолг период бил во бегство од затвор.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, апсењето било извршено околу 15 часот, од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Полициското одделение Мирковци, на подрачјето на селото Глуво, скопско.
Лицето било барано со судска потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово, каде издржувало затворска казна во траење од 13 години и 11 месеци. Казната му била изречена за повеќе сторени кривични дела согласно членовите 235, 236 и 237 од Кривичниот законик.
По лишувањето од слобода, М.Т. бил спроведен во Полициското одделение Мирковци, каде се преземаат понатамошни мерки и активности согласно закон.

