Вознемирувачка снимка од безбедносна камера кружи на социјалните мрежи и го прикажува моментот кога група балони наполнети со водород експлодирале во лифт во Мумбај, Индија, при што биле повредени две лица.
Инцидентот се случил во затворен простор, а на видеото јасно се гледа како балоните ненадејно се запалуваат и предизвикуваат силен пламен, по што во лифтот настанува паника. Повредените лица веднаш биле пренесени на лекарска помош, а според првичните информации, нивните повреди не се опасни по живот.
Полицијата соопшти дека е поднесена пријава за негрижа против продавачот на балоните, бидејќи тие биле наполнети со водород – гас кој е исклучително запалив и опасен, особено во затворени простории.
Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни при користење вакви балони за забави и прослави, предупредувајќи дека употребата на водород наместо хелиум може да има сериозни последици. Случајот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на балоните и потребата од построги контроли.
