На Жупанискиот суд во Загреб е донесена пресуда за 34-годишна жена која минатата година ја фрли својата тригодишна ќерка во реката Сава. Судењето беше затворено за јавност поради заштита на семејството на жртвата.
Жената е прогласена за виновна за тешко убиство и доби казна затвор од 15 години. Во текот на судењето, експертите констатираа дека мајката имала намалена убројливост и дека страдала од депресија поради наводна дијагноза на аутизам кај детето, но сепак заклучија дека таа разбрала што прави. Поради сериозноста на делото и психичкото здравје на обвинетата, судот нареди и задолжително психијатриско лекување.
Обвинителството наведува дека на 15 јануари 2025 година, жената со своето дете се упатила кон коритото на реката и го пуштила во вода. Таа сама го известила Центарот за итни случаи, признавајќи го делото.
По извршената истрага, во јули минатата година, Жупанското државно обвинителство поднесе обвинение против мајката, а телото на детето беше пронајдено дури во март следната година во Србија. ДНК анализата го потврди идентитетот во април.

Фото: Dnevnik.hr
