Фото: Принтскрин
Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест со блокада на 10 февруари, со почеток од 9 часот пред Собранието на Република Македонија.
ССМ веќе некое време бара зголемување на минималецот на 600 евра затоа што една минимална плата од 24.500 денари во моментов не е доволна за достоинствен живот
„2 години блокираат зголемување на минималната плата, а за 2 години секое семејство е посиромашно за 9.250 денари месечно, а на некои од нив тоа му е дневен трошок за одење на работа. Сега изборот е еден: Или се за, или се против работниците! И да знаат, не ни се потребни 20.000 работници на улица за да ги блокираме, 21 човек ќе ја завршат истата работа“, објави првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.
