Фото: Принтскрин
Драган Пароски преку неговиот профил на социјалните мрежи побара помош од хумани луѓе затоа што му е потребна помош за операција.
„Драги пријатели, со голема надеж и искреност ви се обраќам за помош. Потребна ми е помош донации за операција. Се наоѓам во болница 8ми Септември, ќе ми прават две операции во понеделник. Операциите се неопходни за моето здравје и понатамошен живот, но за жал, се плашам дека трошоците ќе бидат многу високи за да можам сам да ги покријам, а и за терапијата која ќе треба да ја примам.
Секој придонес, без разлика на износот, многу би ми значел. Вашата хуманост многу ми значела до сега и ви се заблагодарувам, но сега мене сте ми потребни.
Доколку сте во можност да ми помогнете, ве молам на Банкарска сметка: 300007047016280
Контакт: Филип Поп Стефанов
Ви благодарим од срце за вашата добрина, поддршка и споделување на оваа порака.
Се надевам дека наскоро и повторно ќе се сретнеме на мојата тезга на Рекорд.
Ова е мојот број доколку сакате да ми пишете ве молам на вибер бидејќи не можам да зборувам: 070614815“, објави тој.
