Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

КРАЈ НА ОПЕРАЦИИТЕ „ПРЕКУ ВРСКИ“: Стартува јавен портал за закажување операции во Македонија!

Gladiator 04/02/2026

Министерството за здравство денеска го пушти во употреба новиот јавен портал за електронска евиденција и следење на неитните, односно елективни хируршки интервенции во државните здравствени установи. Новината беше промовирана на прес-конференција од министерот за здравство Азир Алиу.

Станува збор за операции кои не се итни и не претставуваат непосредна закана по животот на пациентите, туку се планираат однапред. Во оваа категорија спаѓаат интервенции како вадење крајници, операции на кила без компликации, зафати на жолчка без акутно воспаление, како и одредени ортопедски и естетски операции – токму оние за кои најчесто постојат долги листи на чекање.

Според министерот Алиу, за првпат се воведува јасен и транспарентен систем што ќе овозможи ред, фер пристап и принцип „прв дојден – прв услужен“.

– Воспоставуваме целосно транспарентна електронска евиденција, која ќе овозможи реален увид во времето на чекање и вистинските потреби на здравствениот систем. Порталот е наменет и за граѓаните и за институциите, бидејќи преку него може да се пребарува по повеќе критериуми – специјалност, тип на интервенција, болница, лекар специјалист и број на пациенти што чекаат – истакна Алиу.

Досега, евиденцијата за ваквите операции формално се водела преку системот „Мој термин“, но анализите покажале сериозни недоследности. Дел од упатите се издавале непосредно пред операција, некои установи користеле погрешен тип упат, а во одредени случаи листите на чекање се воделе рачно, на хартија, без редовно ажурирање.

Овие пропусти, како што беше посочено, создавале искривена слика за реалното време на чекање и вистинските капацитети на здравствениот систем.

Министерот информираше дека до сите јавни здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се доставени индивидуални известувања со податоци од анализата, каде е прецизирано дали постои разлика меѓу бројот на извршени операции и бројот на евидентирани упати.

– Со воведувањето на овој портал ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме подобро планирање и поефикасна распределба на ресурсите, а воедно ги приближуваме домашните практики до европските стандарди – заклучи Алиу.

OВА Е ПОРТАЛОТ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ОПЕРАЦИИ!

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) Сериозен удар врз нарко-мрежите: полицијата откри голема количина закопана дрога!
Next: (ВИДЕО) Стравични сцени: Фудбалер спасуваа на терен, а голман веднаш заврши во возило на Итна помош

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026
(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

06/02/2026
(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.