Фото: Принтскрин
Припадниците на Управата на криминалистичката полиција уапсија маж кој е осомничен дека ја фрлил бомбата врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ.
Српските медиуми пишуваат дека 32-годишниот М.С. ја фрлил експлозивната направа и на него му е одреден притвор по налог на Обвинителството.
Полицијата, според неофицијални информации, трага по уште едно осомничено лице.
Фотографиите и видеата од домот на Здравко Чолиќ може да се погледнат ТУКА.
