Фото - МВР
Денеска (01.02.2026), полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М. (50) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа на бул. „Гоце Делчев“.
Несреќата се случила околу 16:15 часот и во неа учествувале три патнички возила: „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.М., „Тојота“ управувано од А.Г. (25) и „Мерцедес“ управувано од М.В. (32). Повреди претрпеле А.Г. и сопатничката Л.Г.
По извршените проверки, било констатирано дека М.М. управувал возилото со 2,32 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а по комплетирање на документацијата, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
