Фото: Принтскрин
Марија Ангелакуди и Вики Куцаки биле ликвидирани во Грција, а морничавите детали ја оставија цела држава во шок.
По стравичното откритие на полицијата, двајца мажи на возраст од 52 и 50 години се приведени поради сомнеж дека учествувале во ужасот.
Наводно, 52-годишникот го признал делото, откако ја однел полицијата до еден подрум во зграда во Солун, кој сега се води како место на злосторството.
Марија беше исчезната од октомври 2024 година, а потоа на полицијата тој ѝ признал дека на 30 октомври истаста година ја убил во подрум додека конзумирале наркотици.
Осомничениот се изнервирал кога таа почнала да вика за време на телефонски повик, по што ја задавил и со соучесникот ја фрлил во ѓубре.
На покривот на истата зграда е пронајдено тело на друга жена, која изчезна во јули 2025 година, а станува збор за Вики Куцаки.
За неа осомничениот има друга теорија, односно открива дека починала во сон додека биле кај него во подрум.
